„СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро“, известуваат од партијата.
„Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци.
За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес“, соопштуваат од СДСМ.
Претходно актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски преку соопштение извести дека денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе се обрати во однос на постапката која е во тек, за собирање на граѓанска поддршка за претстојните локални избори.