СДСМ: Последна официјална посета на Груевски на Израел

Од:

На премиерот во заминување, Никола Груевски, ова му е последна официјална посета на Израел, смета СДСМ.

„Цели два месеца Никола Груевски не може да го смири немирот од посетата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Израел, каде што беше пречекан на највисоко државно-владино ниво. Што се однесува до виртуелните инвестиции со коишто премиерот во заминување, Никола Груевски, се расфрла пред избори, официјалните податоци на Народна банка покажуваат дека за 3 години, од Израел во Македонија влегле само 2 милиони евра инвестиции. Тоа се околу 600.000 евра годишно. Само за потсетување, провизијата што ја побарал братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков во мега корупцискиот скандал за набавка на опрема за прислушување, изнесуваше 540.000 евра евра. Сериозни и одговорни држави очигледно го одбегнуваат Никола Груевски поради корупцијата во изминатите 10 години“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

СДСМ поднесе пријава за новинарот Бранко Героски