СДСМ: После лагите за мигранти, бугаризација, асимилација, сега нова глупост од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Долга и широка е листата на лаги и небулози што ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги ширеа само и само да го попречат напредокот на државата. Лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека македонскиот јазик ќе станел бугарски дијалект, лажеа дека ќе имало асимилација и бугаризација со прифаќањето на европскиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ“, велат од СДСМ.

„Претходно лажеа дека ќе се граделе станови и кампови за мигранти, а лажни вести ширеа и додека државата како и целиот свет се соочуваше со невидена здравствена криза.

Денес, гледаме нови глупости од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводно редифинирање на државата со што по кој знае кој пат се обидуваат да внесат нови поделби во македонското општество.

Стар и повеќе пати виден обид на ВМРО-ДПМНЕ за сеење лаги преку бесмислици што немаат врска со реалноста.

Со ваквиот однос ВМРО-ДПМНЕ покажува нека во таа партија се уште ништо не се менува, дека останува како и многу пати до сега на спротивната страна од интересите на држвата и граѓаните“, соопштија СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема