А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

by А1он24/12/2025 - 08:4524/12/2025 - 09:52145
Share0

Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандарод на граѓаните. Криминалните тендери и неспособноста на Сања Божиновска во секторот енергетиката ја турнаа државата во енергетска криза и повторно ги удрија граѓаните по џеб, велат од СДСМ.

Добивај вести на вибер

– За само година и половина, владата на Мицкоски и Сања Божиновска која го води овој сектор ја доведе државната ЕСМ до колапс. Производството е на историски најниско ниво, од предвидените 5.000 GWh не се произведени ниту 3.000 GWh. Затоа наместо домашна струја која што државата ќе ја чини 80-90 евра по мегават час, Владата купува струја за 140 евра по мегават час.

Зошто? Па за тендери. Тоа го прват насекаде со секој можен тендер. Зошто фали 1 милијарда евра во буџетот? Исто за тендери, како што се 161 тендер за една фирма или 9 милиони евра за друга фрима за двајца вработени. Загубата на ЕСМ е 77 милиони евра досега или над 100 милиони евра до крајот на 2025 година. Ако на ова се додадат и 110 милиони евра долгови на ЕСМ кои ги има земено како кредити, тоа се 200 милиони евра на грбот на граѓаните. Затоа поскапе струјата. Граѓаните ја плаќаат сметката за овие криминални тендери и епска неспособност. Дали сега поскапувањето на струјата владата ќе го објасни можеби со некоја нова анкета колку добро стојат? Уште некој дефокус ќе смисли ли? Одговорност мора да има. Работата не е завршена, тврдат од партијата.

sdsmstrujaсдсм

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто