А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Поскапувањата се директно по нарачка на Груевски и ВМРО–ДПМНЕ

by А1он03/11/2012 - 15:2503/11/2012 - 15:45144
Share0

Oткако денеска подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ организираше пародија, со писмено соопштение се јави младината на СДСМ.

Добивај вести на вибер

„На граѓаните им е доста од Груевски, неговите функционери и од неговиот подмладок.

– Граѓаните секојдневно се соочуваат со се повисоки сметки за струја, за парно, за дрва за огрев. Граѓаните се доведени во ситуација во која мака мачат крај со крај да врзат, кога сите трошоци на животот се поскапени и кога основната егзистенција им е загрозена.

– ВМРО–ДПМНЕ можат да го тераат својот подмладок да организира пародии и да изигруваат циркузанти, но не можат да го сокријат фактот дека со нивното гласање во Собранието за останување на Димитар Петров на функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика, вистината излезе сосема на виделина.

– Ако дотогаш ВМРО–ДПМНЕ се правдаа со изговорот дека не се виновни за поскапувањата и дека цената на струјата и парното ги одредува независно тело – Регулаторната комисија за енергетика, сега е јасно дека поскапувањата се директно по нарачка на Груевски и ВМРО–ДПМНЕ.

– Граѓаните знаат дека Груевски и ВМРО–ДПМНЕ се директно виновни за тоа“, се вели во писменото соопштение на подмладокот на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто