СДСМ: Пораките од САД и од ЕУ потврдуваат колкава е одговорноста на политичките субјекти за иднината на Македонија

Од:

„Социјалдемократкиот сојуз на Македонија во име на граѓаните на Македонија изразува благодарност до САД и до ЕУ, кои во духот на традиционалното пријателство продолжуваат да ги поддржуваат стратешките интереси на Република Македонија.

Јасно изразената поддршка од САД на демократските процеси во Македонија и на евро-атлантските интеграции на земјата е од огромно значење за граѓаните на Република Македонија и за просперитетна иднина на државата.

Демократските реформи, владеење на правото, целосно имлеметирање на Договорот од Пржино, интеграции во НАТО и ЕУ, што Стејт департментот ги посочи како важни за нашата држава, се волја и на мнозинството граѓани на Македонија, јасно изразена на парламентарните избори во земјава.

Овие пораки што доаѓаат од САД и од Европската унија покажуваат со колкава одговорност се соочуваат политичките субјекти во Македонија во овој период кога се носат клучните одлуки за иднината на државата и за форматот и приоритетите на идната Влада, бидејки се одредници во кој правец ќе продолжи да се движи Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он