А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Поради успешните проекти на Груевски над 250.000 млади ја имаат напуштено Македонија

by А1он28/09/2014 - 17:48153
Share0

„Веројатно од успесите на власта на Никола Груевски, Владата се соочи со огромното незадоволство во образованието, за што се употребуваат сите сили и средства да се задуши.

Добивај вести на вибер

Сигурно поради успешните политики на Никола Груевски и неговите министри, само за 5 години од нивното владеење бројот на ученици во основното образование е намален за 27.000, а бројот на средношколци е намален за 5.000.

Поради успешните проекти на Груевски над 250.000 млади ја имаат напуштено Македонија во последните неколку години.

СДСМ ги поддржува барањата на СОНК што се легитимни и реални. Бараме власта да не глуми дијалог, туку сериозно да ги сфати наставниците и професорите.

СДСМ повикува, власта да не лаже дека наставниците кои штрајкуваат ќе останат без плати, а дека родителите кои нема да ги пуштат децата на училиште ќе бидат казнети со 2.000 евра. Тоа не го предвидува ниту еден закон.

СДСМ порачува дека сите кои прекршија Устав, закони, меѓународни конвенции, сите кои лажно се претставуваат и вршат притисоци, ќе одговараат“, се вели во писмената реакција на СДСМ, на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Петар Атанасов.

sdsmvlada

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

Горан Наумовски31/12/2025 - 13:24

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски31/12/2025 - 12:0631/12/2025 - 12:18

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

Горан Наумовски31/12/2025 - 10:52

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски31/12/2025 - 08:4331/12/2025 - 10:46

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Горан Наумовски30/12/2025 - 19:13

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време

Горан Наумовски30/12/2025 - 19:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен