СДСМ: Поради Груевски стотици стари лица се влечат недостоинствено по клиники

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ потврди дека Ставрески не одобрувал нови вработувања за третиот спрат на Геронтолошкиот завод. Затоа спратот е затворен, а во установата се згрижени едвај 250 лица.

Потврдија дека нема лекарски кадар, нема медицински персонал, нема хигиеничари!

Ништо од ова не одрече Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Не ги одрекоа ни информациите дека третиот спрат на Геријатрија, Груевски и соработниците го готват за приватник.

Власта на Никола Груевски за 10 години не изгради ниту еден старски дом!

Стотици стари лица недостоинствено се влечкаат од клиника во клиника кои не се надлежни за нив, наместо да бидат згрижени во соодветна установа со медицинска грижа и нега, како што е Геронтолошкиот завод.

Сопственикот на милионски парцели на Водно и рајски фирми, Никола Груевски, кој на негови бизнис партнери од рајските фирми 10 години им ги развива бизнисите во здравството, свесно предизвика системска смрт на јавното здравство.

Од ваквите здравствени политики умираат родилки и новороденчиња, пациенти кои крварат сами купуваат завој, дијабетичарите примаат стар инсулин и мерат шекер со полуисправни апарати, пациенти умираат по ходници, се пука во лекари, амбуланите низ земјава се руина, клиниките се во огромни долгови.

Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ не ги интересираат старите лица. Не ги интересираат граѓаните. Ги интересираат само тендери и бизниси.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се залажуваат дека граѓаните не разбираат.

Затоа што граѓаните разбираат, Груевски замина. А ќе замине и ВМРО-ДПМНЕ.

Новата одговорна власт што ќе има чест да ја предводи СДСМ ќе го врати квалитетното јавно здравство“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски