СДСМ: Поповска сакаше да го прикрие насилството и сега соли памет

Од:

Пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска, коалиционен партнер во власта, денеска во Собранието обвини дека опозицијата ја злоупотребувала функцијата пратеник, при носење на буџетот и блокадата како што рече Поповска ја „наметнале опозиционерите“.

На тоа реагираше СДСМ, кој порача дека Лилјана Поповска нема право да зборува за настаните, оти не ѝ дозволувала на Маринела Тушева да снима и со тоа учествувала во обидите да се скрие насилството врз опозициските пратеници

„Пратениците и службите еден месец беа заложници на едно погубно сценарио за рушење на легално избраните институции. На седницата во Собранието беше употребена жива сила заради живиот штит што беше создаден на говорницата и околу неа и тоа беше во согласност со член од Деловникот. Службите не беа во лесна ситуација бидејќи од нив се бараше да воспостават ред за одржување на седница, а од друга страна беа соочени со жив штит со свесни провокации за да дојде до насилство“, рече Попоска.

Пратеничката на ДОМ тврди дека тоа што посегнала по телефонот на пратеничката од СДСМ, Маринела Тушева не била добро разбрана „се плашев дека некој од службите ќе тргне кон неа и ја замолив да се повлече“.

Пратеничката ја обвини опозицијата дека лаже оти немале картички за пленарната седница.

Главната опозициска партија денеска одговори на обвинувањата, велејќи дека потегот на грабање на мобилниот телефон од Тушева јасно се гледа на снимките. Од СДСМ рекоа и дека ситуацијата со картичките била крајно невообичаена – тие не биле информирани дека картичките ќе се делат на рака – и на крајот картичките сепак не стасале до нив.

„Зборувате за истата Лилјана Поповска која на видеото можевте да ја видите како го граба мобилниот телефон од рацете на нашата бремена пратеничка која снимаше? Зборувате за истата Лилјана Поповска која беше соучесник на целото случување, на насилието и теророт што полициското обезбедување го спроведе врз нас, а таа не ѝ дозволуваше на Маринела Тушева да снима и сакаше тоа да го прикрие? За истата Лилјана Поповска зборувате? Што се однесува до нејзината изјава, ние не бевме известени дека картичките ќе ни ги дадат на рака. Вообичаено, службите ги поставуваат пред влезот на Сала 1, токму онаму каде ние стоевме и ги чекавме да дојдат службите, да ја отворат вратата, да ги постават картичките и списоците на кои треба да се потпишеме. Ниту службениците дојдоа, ниту картичките беа поделени и доставени, ниту пак списоците за присуство на пратениците ни беа дадени за да се потпишеме, ниту знаевме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по некои тајни канали стигнале, претпоставувам, до генералниот секретар и таму на рака им биле поделени картички“, рече денеска Ана Павловска – Данева од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса