СДСМ: Поминаа 2 години, градоначалниците на ДПМНЕ не направија ништо

Од:

Поминаа две години од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ, во кои целата јавност се увери во нивната неспособност.

Над 40 градоначалници од ДПМНЕ досега не реализираа ниту еден важен, капитален проект за општините и граѓаните.

Дури ги прекинуваа наследените проекти од претходните градоначалници од СДСМ, а ако не ги прекинаа, ги претставуваат како свои.

Наместо проекти и развој тие немаат проблем да ги задолжуваат општините и да удираат по џебот на граѓаните.

Во изминатите две години ги задолжуваа граѓаните со издавање општински обврзници, ги покачуваа цените на комунланите услуги, водата, паркингот, си вдомуваа партиски кадри.

Со ДПМНЕ општините две години назадуваат наместо да напредуваат.

Градоначалниците од ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби