СДСМ: Политичарите како Груевски и Иванов се минато!

Од:

„Нападите на Ѓорѓе Иванов кон мнозинството граѓани кои избраа промени, кон СЈО, кон ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница, е продолжение на политиките на конфликт на неговиот ментор Никола Груевски.

Иванов е составен дел од проблемот што десет години ја влече Македонија назад.
Тој со неуставните и незаконски помилувања, застана во заштита на криминалот, против интересите на народот и доцна е да се правда, за се ќе има одговорност.

Граѓаните препознаа дека овие несериозни политичари, Груевски и Иванов ги загрозија државните и националните интереси и сакаат изолација на Македонија за спас на криминалците. Затоа излегоа масовно на изборите и во огромно мнозинство порачаа дека сакаат нова одговорна Влада, институции на граѓаните и живот.

И тоа ќе се случи. Политичарите како Груевски и Иванов се веќе минато“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата