СДСМ: Погрешните политики на Груевски затворија многу фабрики во Битола

Од:

„Граѓаните на Битола знаат дека токму поради поради промашените политики на Никола Груевски во Битола се затвораат фабрики а луѓето остануваат без работа.

Вистината е поразителна за Груевски.

Само во 2015 година во стечај замина „Млин Стојчев“, голема мелничко-пекарска компанија. Над 200 вработени останаа без работа.

Словенечката „Метеорит“ и печатницата „Микена“ исто така отворија стечајна постапка, над 40 вработени останаа без работа.

Се затвори и познатата Шекерана и фирмата за сувоместни производи „Римоти“.

Дури и најпознатата фабрика која извезуваше за европските пазари и САД, фабриката за трикотажа „Пелистер“ отвори стечајна постапка. Над 200 вработени останаа без работа.

Од виртуелните инвестиции на Груевски останаа само лажните ветувања и празните ливади.

Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхостод Данска…

Единствените реални инвестиции на Груевски се инвестициите во лаги и криминал за богатење на фамилијата.

Додека граѓаните осиромашуваа, додека се зголемуваше невработеноста, Никола Груевски во изминатите десет години мислеше само на провизии, тендери, парцели на Водно, на мерцедес од 600 илјади евра, на очила од 60 илјади долари…

Криминалот и корупцијата во изминатите години однесоа многу работни места, затворија многу фабрики.

Мандатот на лаги и криминал на Груевски и фамилијата завршува“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски