СДСМ поднесе Декларација за најголемиот македонски државен празник Илинден

Од:

Декларацијата е предложена во пресрет на 120 години од Илинденското востание и создавањето на Крушевската република и 79 години од Првото заседание на АСНОМ и формирањето на првата македонската држава, како настани кои имаат големо значење за македонската историја и за борбата на македонскиот народ за слобода и сопствена држава.

Во неа се оддава почит на пожртвуваноста на борците за слобода и демократија, а идеалите на Илинденците, македонските партизани и сите оние кои се бореа за слободна и демократска Македонија и за рамноправност и соживот на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или идеолошка припадност, треба да служат како основна водилка за сегашните и идни генерации за слободна, демократска и просперитетна Република Северна Македонија.

Македонскиот народ, заедно со припадниците на другите народи кои живеат во неа и денес ја продолжуваат борбата за демократија и просперитет, водени од принципите на прогласите на Крушевската република и Декларацијата за основните права на граѓанинот на демократска Македонија усвоени на Првото заседание на АСНОМ кои денес се преточени во преамбулата на Уставот на Северна Македонија, се наведува во декларацијата, која наскоро ќе се најде пред пратениците.

СДСМ ги повикува сите пратеници без разлика од која партија доаѓаат да ја поддржат Декларацијата, која испраќа силна порака за заедништво, рамноправност и демократија,се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО