(ВИДЕО) СДСМ под реден број 19, ВМРО-ДПМНЕ под реден број 7 во трка за градоначалничките места

Од:

Овластените претставници на подносителите на листи на денешната седница на Државната изборна комисија ја извлекоа жрепката за редните броеви под кои ќе настапат политичките партии и независните кандидати на претстојните локални избори, што ќе се одржат на 15-ти октомври.

Владејачката партија, СДСМ ќе настапи под редниот број 19, додека пак најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ на избирачкиот лист ќе се најде под бројот 7.

И останатите политички партии извлекуваа броеви од 1 до 19. Алијансата на Албанците ќе настапи под бројот 9, УНИТЕТИ и НДП под редниот број 2, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ под 13, движењето БЕСА под број 14, ДУИ на избирачкото ливче ќе се најде под реден број 3, ДПА ќе биде под број 15, ГРОМ под број 12, Левица е на реден број 16, НДМ на Јанко Бачев, ќе се најде под реден број 6. Први на изборната листа ќе бидат Социјалдемократската партија на Македонија, Партијата за демократски просперитет на број 17, партијата на Амди Бајрам, Сојузот на Ромите ќе се најде на број 18.

ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците на изборите ќе настапат заедно на две места, во Охрид и Битола, под број 4.

Во трка за градоначалничките места влегуваат 20 политички партии и коалиции со утврдени листи и 63 независни кандидати.

Извлекувањето се вршеше во 2 групи, првата група со броеви од 1 до 19 односно политичките партии и советничките листи, а од 21 до 73 независните кандидати.

Редоследот по кој беа извлекувани редните броеви беше утврден по азбучен ред односно по првата буква од името на партијата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски