СДСМ: Почнуваме со активност врата до врата

Од:

Од денеска започнуваме со нова фаза на интензивните теренски активности, СДСМ оди од врата до врата, пред домовите на нашите сограѓани. Тимови во секоја општинска организација, партиски функционери и членови ќе го посетат секој дом, секое семејство, да разговараме за сработеното но, и да ги слушнеме нивните потреби најави на прес конференција организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Попов.

„Заеднички, со граѓаните ја креираме најдобрата програмската понуда на СДСМ за локалните избори. Понуда за граѓаните, која ќе го унапреди квалитетот на живот во секое населено место, во секоја општина. Предлозите, коментарите и барањата, кои ги добиваме на маалските и урбани средби, на граѓанските трибини, на средбите со целни групи, веќе ги систематизираме и анализираме. На ист начин ќе постапиме и со предлозите кои ќе стигнат преку проектот од врата до врата“ – рече Попов.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски