СДСМ: Победата на Пендаровски во првиот круг најавува уште поголема поддршка од граѓаните за концептот Заедно Напред во вториот круг!

Од:

„На фер, слободни и демократски избори победи Стево Пендаровски во првиот изборен круг.

Победата на Пендаровски во првиот круг најавува уште поголема поддршка од граѓаните за концептот Заедно Напред во вториот круг, на 5-ти мај.

Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите останати се сплотени околу концетот на Стево Пендаровски за напредок и заедиништво.

Во вториот круг, граѓаните уште посилно ќе го поддржат напредокот, ќе го поддржат концептот кој води кон НАТО и ЕУ!

Уште повеќе граѓани ќе се приклучат кон победата на Пендаровски!

Продолжуваме заедно напред!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“