СДСМ: По втор пат го убивате Стив Наумов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со едно кревање на рака по втор пат го уби „Стив Наумов“ – еден од најголемите македонски херои кои се жртвуваше само на 22 години за слободна и независна Македонија.

Вака голем број припадници на опозициската СДСМ но и граѓани денеска коментираа на протестот на мостот кај Холидеј Ин, токму на улицата Стив Наумов. Истата со одлука на градското собрание сега се вика „ Тодор Александров“.

„ВМРО ДПМНЕ го заработи најсрамното место во поновата македонска историја. Тие подмолно сакаат да го избришат ликот и делото на Стив Наумов, а во исто време да го величаат крвникот на македонскиот народ, Тодор Александров.Овој историски геноцид ќе остане црно петно во биографиите на Груевски и неговите слепи послушници“, изјави Андреј Петров.

Фотографиите од Стив Наумов ги положија на како што го нарекоа на мостот со најскапа ограда, а на граѓаните им порачаа да не ги менуваат личните исправи, бидејќи никој нема право да го прекројува макеоднскиот иднетитет. Ветија дека по неколку месеци кога ќе ја превземат власта во главниот град, ќе ги вратат досегашните имиња на улиците. Граѓаните пак видно револтирани од сминувањето на името на големиот македонски херој.

„Тој својот живот го дал за ние да живееме во слободна Макеоднија и за ВМРО да живее сега под еркондишни и да се крие. Оваа улица постои од 1945“, вели еден од анкетираните.

„Само ВМРО може ова да го направи вака без разум и без размислување“, револтирано вели една од насобраните жени.

Покрај улицата Стив Наумов и мостото Близнак ќе се именува по Тодорв Александров, а уште 30 улици добија нови имиња. Улицата Водњанска ќе се вика Мајка Тереза. Булеварот Војводина веќе и интернет пребарувањето на гугл мапс се наоѓа само под новото име Киро Глигоров.

Седиштето на опозициската СДСМ одсега наместо на Бихачка е на улицата Павел Шатев, а кафето скопските шемаџии одсега ќе го пијат на Аминта трети. Иако на улицата „Ленинова“ сеуште стои таблата со старата номенклатура, вчера во градското собрание и покрај бојкотот на опозицијата ова име беше пратено во историјата.

Христена Антовска Јованчева

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески