СДСМ: По промоцијата на Магма, очекуваме Мицкоски да го пушти во употреба „Мој ДДВ“

Од:

Мицкоски очигледно не може да помири со туѓите успеси. По втор пат неделава се кити со туѓи перја. Откако пред два дена ја најави, денска се фали со пуштање во употреба на канадската компанија „Магна Мехатроникс“, претставувајќи ја како негова придобивка и како „нова странска инвестиција“, велат од СДСМ.

„ДПМНЕ и Микоски трба да знаат дека инфрмациите за оваа компанија се јавно достапи, а и граѓаните памтат. Штипјани знаат дека оваа фабрика беше најавена уште во мај 2023 година од тогашниот премиер Димитар Ковачевски и Владата на СДСМ.

Премиере Мицкоски не ви доликува на функцијата да се фалите дека и оваа странска инвестиција е резутат на вашите политики. Оваа кандска компанија е резултат на позитивните економски политики што ги водеше Владата на СДСМ и кои резултираа со подобрување на бизнис климата, отворање на нови странски инвестиции и нови работни работни места.

Ова не е ништо друго освен потврда на неспособност и безидејноста на ВМРО ДПМНЕ за водење економски политики и привлекување на странски иневстиции. Речиси една година Владата на Мицкоски нема донесено ниту една значајна странска инвестиција, а економијата стагнира. Единственото што ДПМНЕ го прави е сечење ленти на веќе реализирани проекти од претходната влада.

Наместо да промовираат веќе промовирани инвестиции и да се служат со ефтин ПР, ДПМНЕ и Мицкоски треба да се соочат со реалноста и да погледнат што се случува во државата. Економијата ни од далеку не расте, а животниот стандард на граѓаните го допре дното“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари