СДСМ: По признанијата за Титаник, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да си поднесат оставки

Од:

„Поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ пред суд признаа дека постапувале противзаконски, правеле изборни нерегуларности и незаконски финансирале кампањи. Со ова нивно признание се потврдува дека сите изборни процеси организирани од ВМРО-ДПМНЕ се нерегуларни“, соопшти СДСМ.

„По ваквите сведоштва, Христијан Мицкоски како некогашна десна рака на Груевски да поднесе оставка заедно со целото раководство на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ останува нереформирана партија, Мицкоски е опкружен со блиските луѓе на Груевски како Игор Јанушев, Александар Николоски, Антонијо Милошоски.

Апелираме за ефикасна истрага и завршница на процесите против сите поранешни и актуелни политичари, без разлика дали се на власт или во опозиција.

Правдата мора да надвладее, пред законите сите мора да се еднакви“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби