СДСМ: По признанијата во Титаник, пратениците Николоски, Јанушев, Мисајловски и Милошоски да поднесат оставки

Од:

„По признанието на високи партиски функционери во случајот Титаник оставки треба да поднесат сите актуелни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои биле дел од раководството во тоа време“, соопшти СДСМ.

„Поточно, пратениците Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Владо Мисајловски и Игор Јанушев како блиски соработници на Никола Груевски во време кога се кршеле закони, се злоупотребувале пари на граѓаните, се вршело поткуп и други изборни нерегуларности.

Овие пратеници треба да се повлечат од политиката и да преземат морална одговорност заради достоинство на функцијата народен претставник, за да не ја злоупотребуваат позицијата и да го блокираат Собранието само за да се спасат од одговорност, но и да не се врши притисок врз независни судски органи.

Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ останува непроменето, тоа е истата режимска партија водена од двоецот Мицкоски – Груевски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби