СДСМ: По примерот на пратениците, и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром бегаат од работа, а земаат пари од граѓаните

Од:

„Бојкотот, деструкцијата и дејствувањето спротивно на интересите на граѓаните што ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува во Собранието, опозициската партија ги пренесува и на локално ниво.

Веќе втор пат, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштаат седницата на Советот на Општина Аеродром, веднаш откако ќе се усвои дневниот ред. Изговорот е дека одбиваат да ја вршат својата работа заради правните процеси започнати од надлежните институции за насилствата во Собранието на 27 април. Меѓутоа, пред да заминат, советниците од ВМРО-ДПМНЕ редовно го подигнуваат својот паушал. Толку од лажната грижа на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ваквото однесување советниците од ВМРО-ДПМНЕ, исто како и пратениците од нивната партија, покажуваат дека воопшто не им се важни интересите и потребите на граѓаните што ги претставуваат, туку дека единствено се грижат за своите џебови. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат за граѓаните на општина Аеродром туку за себе и за партијата.

СДСМ нема да дозволи ваквото неодговороно однесување на ВМРО-ДПМНЕ да биде на штета на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски