СДСМ: По изборите Штип ќе добие локална власт што ќе работи во интерес на граѓаните

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Марија Козјеклиска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се поочигледен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од поразот на локалните избори. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Благој Бочварски е новиот градоначалник на Штип кој ќе спроведе темелни и квалитетни реформи во инфраструктурата, економијата, културата и спортот со кои ќе се подобри квалитетот на живот на сите граѓани во Штип.

Заврши ерата на криминалното и недоговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на крадоначалникот и продолжена рака на Груевски, Илчо Захариев. По промените на локалните избори, Штип ќе добие нова одговорна, отворена и услужна локална власт што ќе работи во интерес на граѓаните и општината“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски