СДСМ: По 20 години, во наше време, се расчистува случајот Онкологија, лагата на ДПМНЕ се покажа и со Анкетната комисија

Од:

После 20 години шепотење и непреземање ништо надлежни институции го отворија и го расчистуваат случајот Онкологија токму во време на СДСМ. Лагите на ДПМНЕ не значат ништо, вистината е поразителна за оваа лажна партија која едно зборува друго прави. Граѓаните знаат дека лагите на ДПМНЕ се потврдија и преку собраниската Анкетна комисија, се вели во соопштението на СДСМ.

– Јавноста виде дека на ДПМНЕ воопшто не им била важна вистината, не биле важни пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат. Два месеци ДПМНЕ ја злоупотребува работата на комисијата а со тоа ги злоупотребуваа пациентите, граѓаните и македонското собрание. Се викаа сведоци, се трошеа пари на граѓаните, се сееше лаги и на крај, ДПМНЕ побегна од комисијата, со денови не се свикува седница и не се усвои никаков заклучок, работата на комисија пропадна. Намерата на ДПМНЕ беше да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја злоупотребува во политички цели. Но и во тоа не успеа. Сите инволвирани во овој скандалозен случај ќе сносат одговорност и ќе биде расчистен до крај – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус