СДСМ: Пионот Мицкоски призна дека е горд на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Антизападниот пион Христијан Мицкоски во вчарашното интервју призна дека е горд на криминалите на неговиот ментор и криминалната ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоки кажа дека со гордост влегува во белиот дворец изграден во време на најголемата сиромаштија и симбол на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски.

Пионот Мицкоски конечно призна дека бил во посета на Белград и Унгарија, призна дека се сретнал со Виктор Орбан неколку недели пред бегството на криминалецот Груевски.

Се отвора сериозен сомнеж, ова е јавно признание дека Мицкоски е дел од планот за бегство на осудениот Груевски.

Христијан Мицкоски лаже кога вели дека е за ЕУ и НАТО, бидејќи многу пати досега покажа дека работи на тоа да ја врати Македонија во темното минато на изолација, криминал и неизвесност.

Очигледно е, Мицкоски нема друга агенда освен одбрана на криминалите на неговиот ментор, криминалецот во бегство, Никола Груевски.

Антизападното раководство и антинародниот пион Мицкоски нема да го спасат од одговорност ниту Груевски, ниту неговите соработници. Груевски и сите оние за кои ќе се докаже дека го прекршиле законот ќе одговараат и ќе се соочат со правдата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

А1он

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

А1он

(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ за скандалот со директорот на Неврологија: Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето

А1он

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби