СДСМ: Петар Георгиевски Камиказа призна дека добил 14.000 евра за новогодишниот дочек, Арсовска да каже кој платил

Од:

„Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и на Арсовска, Петар Георгиевски Камиказа, преку статус призна дека ангажманот на неговата фирма КЛС за озвучување на новогодишната прослава чинел 14.000 евра“, велат од СДСМ.

„Наместо да се крие зад штури соопштенија, Данела Арсовска треба да излезе пред граѓаните и да каже кој платил за ангажманот на Камиказа.

Граѓаните на Скопје гледаат дека градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Арсовска, не сработи ништо во првите два месеци од мандатот.

Сведочат само на поништувања на значајни проекти, неспособност, погрешни одлуки. Гледаат дека нема бесплатен јавен превоз, нема инвестиции во животната средина.

Буџетот за 2022 не е развоен ниту е направен според потребите на граѓаните, не се предвидени пари за важни проекти како нови паркови, зелени покриви, велосипедски патеки.

Не се обезбедени пари за ниту една велосипедска патека, ниту еден вело паркинг, нема опрема за автобусите да превезуваат точаци, нема субвенции за дополнителна опрема.

На Арсовска и се побитни интересите на нејзините партнери отколку интересите на Скопје и неговите граѓани“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар