СДСМ: Пет години ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат изградба на Клинички центар, а претходно десет години ја лажеа јавноста дека ќе го изградат

Од:

„Речиси пет години ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски ја блокира изградбата на нов современ Клинички центар кој треба да пружа целосно интегрирани здравствени услуги“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Претходно, ВМРО-ДПМНЕ како власт речиси десет години ја лажеше јавноста дека само што не изградиле нов Клинички центар во склоп на комплексот клиники. Зад таа лага со години сведочеше оградена парцела со лимени тараби.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица сега ги кочи и измените на Законот за здравствена заштита со кои граѓаните добиваат поквалитетни здравствни услуги.

Тоа е односот на ВМРО-ДПМНЕ кон јавното здравство, кочат и блокираат закони, шират лажни вести и ја злоупотребуваат пандемијата за свои партиски цели.

И како власт и како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ е против здравствените работници, против подобри здравствени услуги за граѓаните“, се наведува во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте