СДСМ: Пендаровски и Ковачевски со план пред граѓаните, Силјановска и ДПМНЕ со навреди

Од:

Со јасен и конкретен план за европска иднина на Македонија, за економски напредок, за повисок животен стандард со поголеми плати и пензии, пред граѓаните излегуваат Пендаровски и Ковачевски. СДСМ и Коалицијата за европска иднина и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски имаат визија, знаење и храброст да ги завршат преговорите и да ја внесат државата во полноправно членство во ЕУ до 2030 година, се вели во соопштението од СДСМ.

– Од друга страна Силјановска и ДПМНЕ наместо план и програма навредуваат, се закануваат, омаловажуваат. Силјановска и ДПМНЕ немаат што да им понудат на граѓаните освен враќање назад во мрачното минато, во изолација и неизвесност, нови залудно загубени години. Изборот пред граѓаните на овие избори е помеѓу надеж за европска иднина со СДСМ и Пендаровски и безнадежност и враќање во минатото со ДПМНЕ и Силјановска – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!