СДСМ: Пеколот во „Пулс“ го откри вистинската лице на власта – правда нема, виновниците заштитени

Од:

Нема правда за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 62 деца, а над 200 беа повредени. Поминаа речиси три месеци, а Обвинителството не покрена ниту едно обвинение против актуелни функционери на власта кои биле на функции, велат од СДСМ.

– Тоа не може да биде случајно. Тоа е организирана заштита од власта. Клучното прашање е зошто Мицкоски се плаши од вистината за Кочани? Дали се плаши дека ако истрагата ја следи вистината, таа ќе стигне до врвот на власта? Дали затоа се штитат вистинските виновници? Началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, и покрај тоа што била на функција за време на трагедијата, остана недопирлива.

Зошто не одговара за тоа што не постапила по службените белешки за незаконското работење на „Пулс“? Зошто не одговара за затворената врата – клучен фактор за смртта на десетици млади? Зошто не е обвинет сменоводителот Драган Казак Петрушев, за кого има индиции дека бил директно инволвиран во незаконско затворање на дискотеката? Иако има сведочења за негов контакт со сопственикот и контроли надвор од процедура – Петрушев не се гони. Можеби затоа што е кадар на ВМРО-ДПМНЕ? И Дејан Салтировски, началникот на СВР Штип, е недопирлив.

И покрај сомневањата за фалсификати во акциската документација и неговото присуство во критичната ноќ, обвинение нема. Дали затоа што е во блиска врска со Орце Тодоровски – Ефто, еден од најблиските луѓе до Мицкоски? Во истрагата се опфатени обични полицајци кои минатата година ја казниле дискотеката, но не и оние кои имале службена обврска да проверат сопственост и правен статус на објектот. Селективната правда е неправда. Родителите, семејствата и цела Македонија заслужуваат одговори, а не молк и заштита на виновниците. Го повикуваме Обвинителството да се ослободи од политичкиот притисок и конечно да спроведе независна, професионална истрага. СДСМ нема да молчи. Нема да запреме. „Вистината за Кочани“ излезе на виделина. Одговорност мора да има, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата