СДСМ: Пецаков мора да одговара, ВМРО-ДПМНЕ да престане да го штити и да врши притисок врз институциите

Од:

„Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков мора да одговара затоа што свесно постапил незаконски, ги прекршил протоколите за заштита од ковид 19 и со тоа го загрозил јавното здравје“, соопштува СДСМ.

„Неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ, мора да престане да го штити, да престане да шири лажни вести и да престане да врши притисоци врз институциите.

Институциите да не потпаѓаат под притисокот на ВМРО-ДПМНЕ, Пецаков мора да одговара за тоа што наместо во изолација по тестирање за Ковид 19 присуствуваше меѓу илјадници луѓе во Охрид.

Секој кој постапувал незаконски мора да сноси одговорност без разлика кој е, дали извршува некаква фунцкија или припаѓа на некоја политичка партија“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби