СДСМ: Партнерот на Мицкоски, Левица ја поддржува Русија во агресијата врз Украина

Од:

„Левица ја поддржува Русија во агресијата врз Украина. Пратениците од коалицискиот партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Левица, гласаа против Декларацијата за Украина во Собранието“, соопшти СДСМ.

„Димитар Апасиев, партнерот на Мицкоски ги користи зборовите на Путин. Вчера и пратеникот Крмов Украинците ги нарече неонацисти.

Недозволиво е да се поддржува воена агресија врз суверена држава, тоа е кршење на меѓународното право и суверенитетот на Украина.

Со оглед на тоа дека Левица е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и на локално ниво во повеќе општини, Мицкоски треба да одговори кој е неговиот став за поддржувањето на воената агресија на Русија врз Украина од страна на Левица?“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби