СДСМ: Партискиот директор во АНБ, Бојан Христовски нема соодветни сертификати за безбедност и за англиски јазик

Од:

Партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски во интервју за емисијата КОД потврди дека нема соодветен безбедносен сертификат. Христовски нема сетрификат „Државна тајна“ и поднел барање за ваков сертификат дури откако по партиска диркетива беше назначен за директор на АНБ, соопштија oд СДСМ.

„АНБ како безбедносна служба располага со многу класифицирани информации од највисок степен до кои актуелниит директор нема право да има увид се додека не го добие сертификатот. Ова ги потврдува сите сомнежи дали Христовски воопшто ги исполнува законските услови да биде на волку висока позиција. Останува отворено прашањето дали Христовски има виситински документ за познавање на Англиски јазик затоа што приложил Уверение од училиште во Пловдив – Бугарија, а во Пловдив воопшто нема TОEFL центар за тестирање. Понатаму, отворено е и прашањето дали Христовски воопшто има 5 години стаж на раководни позиции сигласно законските услови?“ прашуваат од СДСМ.

Како што наведуваат од партијата, во биографијата на Христовски недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство во УБК во периодот од 2012 до 2017 година.

Според опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ брутално ги партизира институциите а со назначувањето на директор на АНБ води кон целосно уништување на безбедносните структури.

СДСМ бара повлекување на Христовски и назначување нов директор на АНБ со почитување на сите прописи и законски норми.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски