ВМРО-ДПМНЕ најавува дводневен отчет на градоначалниците, за СДСМ настанот е панаѓур пред Мицкоски

Од:

Денеска и утре со почеток од 11 часот ќе се одржи политички саем, на кој ќе бидат презентирани отчетите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ информираат од партијата.

– 365 дена промени, 365 дена работа, посветеност и проекти.Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа разлика. Во општините каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните имаат општинска администрација која е на нивна услуга, се решаваат проблемите, и се креираат нови решенија по нивно барање. На политичкиот саем ќе имаат свое обраќање градоначалниците од цела Македонија. А ќе има и експертски трибини за голем број на актуелни теми.

Една година помина од мандатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните освен партизација на локалните администрации и расипничко трошење на општинските буџети, ништо друго не видоа. Затоа денеска, затворени и далеку од граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на партиски таканаречен саем ќе даваат отчет пред шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски велат од СДСМ.

– Денешниот партиски панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден доказ дека градоначалниците од оваа партија не работат за интересите на граѓаните кои ги гласале, туку за интересите на нивниот шеф Мицкоски. Една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација, неработење и задолжување на општините. Градоанчалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалници а во таа неспсособност предничи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска се наведува во соопштението до СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски