СДСМ: Парламентарното мнозинство има обврска да ги откочи блокадите на опозицијата

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ со месеци ја блокира работата во Собранието, со што нанесува континуирана штета на угледот на Собранието и штета на граѓаните. Работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е закочена, а таа е важна за избор и именување на составите на важни државни институции“, соопшти СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ ги блокира измените на Законот за наставниците и стручните соработници во основното и средното образование кој обезбедува повисоки плати за 27.000 наставници.

Исто така е блокиран и Законот за служба во Армијата кој носи подобри услови за пензионирање на војниците, можност на војниците да бираат дали ќе продолжат во јавна служба или ќе добијат надомест до 20,000 евра.

Повеќе од една година е блокирана и изградбата на нов Клинички центар во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ го прави сето ова поради нивниот дебакл при формирање ново парламентарно мнозинство и за да покријат неспособноста на нивните градоначалници.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ има обврска и одговорност да ги откочи блокадите на опозицијата и ќе стори се, за сите важни закони за граѓаните да бидат донесени. Блокадите, опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и парламентарната опозиција нема да им успеат“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби