СДСМ: Паранојата на „најмоќната и најбројната партија“ е повеќе од очигледна

Од:

Тажно и очајно е нивото на кое е спадната ВМРО ДПМНЕ. Паранојата на самопрогласената „најмоќна и најбројна партија” од постконгресното рекомпонирање на СДСМ е повеќе од очигледна, пишува во писмената реакција на опозициската СДСМ.

„Активирањето на  истакнати партиски позиции во СДСМ на врвни професионалци и експерти, луѓе со изграден личен и општествен кредибилитет и со силна  доверба и почит во јавноста, е вистински кошмар за ВМРО ДПМНЕ.

– Тоа е вистинското, грдо лице на ВМРО-ДПМНЕ. Тажно и очајно е нивото на кое е спадната ВМРО- ДПМНЕ. Паранојата на самопрогласената „најмоќна и најбројна партија“ од постконгресното рекомпонирање на СДСМ е повеќе од очигледна“, оценуваат од СДСМ.

„Груевски ја знае опасноста. Ја чувствува силата и моќта на вака организираниот и екипиран СДСМ. Насетува дека се ближи  крајот на неговото владеење. Оттука сиот безобразлук и вулгарност, клеветење и навреди изречени за новото раководство на СДСМ“, стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски