СДСМ: Папаја за Владата – трошки за народот, срамна одлука за „зголемување на “ минималната плата од 1.800 денари

Од:

Срамна, понижувачка и крајно неодговорна е одлуката на Владата за некакво бедно покачување на минималната плата од само 1.800 денари. Што да прават работниците со 1.800 денари во услови кога истата оваа Влада дозволи екстремно зголемување на цените на храната и на производите, вели потпреседателката на СДСМ Кристина Костова.

– Потрошувачката кошница во февруари 2025 достигна 63.773 денари. За над 100 евра е зголемена во споредба со лани. И со ова бедно зголемување, повторно две минимални плати не се доволни за да се покријат основните месечни трошоци на едно семејство. Додека граѓаните бираат дали да купат храна или да платат сметки, ДПМНЕ во историски најголемиот буџет не предвиде пари за работниците. Но затоа има пари за папаја, манго, лосос, за приватни авиони и непродуктивни трошења на владата и нејзините функционери. За работниците остави трошки и ги остави во сиромаштија. Граѓаните да живета на воздух а владата на манго и папаја. Срамота. Оваа Влада се грижи само за себе и за богатите елити. Нејзината неспособност за само девет месеци предизвикаа економска катастрофа и сериозно влошување на условите за живот. И сега ги турка работниците кон подлабока сиромаштија, рече Костова.

Би можело да ве интересира

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција