СДСМ: Ова е скандал и провокација

Од:

На денот кога почна реализација на договоренот во Пржино, како „бомба“ одекна веста од судот дека содржината од аудиоснимките од прислушуваните разговори воопшто нема да бидат земени како доказ во ниту еден случај од пријавите на СДСМ.

„Ова е скандал од невидени размери. Некој сака да покаже дека нема потреба од специјален јавен обвинител, изјави пратеникот од СДСМ Горан Сугарески во дебатна емисија.

Според првичните реакции од СДСМ,ова е директен упад во договорот од Пржино и класично непочитување на договореното.

„Прво согласно договорот од Пржино ако имаше обвинителство и судство како што треба, а не под врхушката на ВМРО – ДПМНЕ сигурно немаше да се случи ова, ниту пак ќе имаше потреба од специјален обвинител. Сега тие намерно сакаат да направат да нема потреба од специјален обвинител“, рече Сугарески.

Основниот суд Скопје 1 вчера соопшти дека ги отфрли како неосновани доказите во предметот прислушување против Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и други лица, затоа што „доказите биле незаконито прибавени и не можат да бидат предмет на истрага“.

Експерти реагираа дека ова е директно минирање на договорот од Пржино и провокација бидејќи, сега специјалниот јавен обвинител нема да има што да работи.
За натамошните чекори, СДСМ ќе го соопшти ставот денеска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите