СДСМ отвори партиски штабови во Скопско, Кумановско и Полошко

Од:

СДСМ синоќа отвори партиски штабови во Шуто Оризари и Арачиново, а вакви штабови се отворени и во Старо Нагоричане и во Гостивар.

На отворањето присуствуваа лидерот на СДСМ Зоран Заев и членови на раководството и од Извршниот одбор на партијата.

На отворањето, Заев најави дека ќе се зголеми социјалната помош, ќе се создадат услови за нови работни места и да се задржат младите да не ја напуштаат државата.

– Среќа има само кога се среќни сите граѓани. Ако има пари во секое семејство. Ако ги задржиме младите да живеат тука да работат и да ја градат својата иднина. Ќе ги вратиме парите кон граѓаните. Државата прво ќе им помогне на најсиромашните. Ќе ја покачиме социјалната помош, но ќе создадеме и услови за нови работни места, повисоки плати, за живот за сите граѓани во Македонија, изјави Заев пред граѓаните во Шуто Оризари.

Тој ги повика граѓаните на Шуто Оризари да пријават доколку некој се обиде да врши притисоци врз нив. – Ако некој се обиде да ви се заканува, да заплашува, да поткупува, казната е затворска, рече Заев.

Пред жителите од скопските општини СДСМ го презентираше и Планот за живот во Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар