СДСМ: Откако стави потпис за преодна влада, Груевски мир не го фаќа

Од:

„Груевски е исплашен од решенијата што мора да ги договори заедно со опозицијата за ослободување на областите за коишто има силни критики во Извештајот на Прибе: медиумите, правосудството, регулаторните тела, како што се Антикорупциската комисија, Бирото за јавна безбедност, ДИК, УЈП.

Тоа го покажува денешното интервју на Груевски за провладиниот портал Нетпрес, во пресрет на отпочнувањето на разговорите за корективите во општеството што тој ги окупираше, а под чија лупа ќе се најде неговото противзаконско и криминално владеење и добивање избори.

Очигледно, откако стави потпис на договорот од Пржино, за оставка, за преодна влада, за предвремени избори, што ги одрекуваше, Никола Груевски мир не го фаќа.

Затоа изминативе неколку дена тој го напнува медиумскиот оркестар со диригирани лаги за СДСМ и затоа во секоја втора реченица во денешното интервју опсесивно го споменува Социјалдемократскиот сојуз.

Врие, но само во главата на премиерот.

Договорот од Пржино мора да се спорведе, како што мора да се спроведат препораките на европската експертска група предводена од Рајнхард Прибе.

Надежта на Груевски дека „Народот покажал оти може да издржи `се“ покажува колку е тој безнадежен за тоа што следува“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ