СДСМ: Откако МВР призна вина, началникот на Тошковски мора кривично да одговара

Од:

Откако МВР ја призна вината и се потврди она што го говореше СДСМ, дека началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиновски, постапувал незаконски, министерот Панче Тошковски не смее да се обидува да го заташка случајот, велат од СДСМ.

– Не е доволно само да се води постапка пред внатрешна контрола. Тошковски е должен веднаш да поднесе кривична пријава и да обезбеди процесуирање на началникот пред лицето на правдата. Нема простор за изговори. Истото важи и за Основното јавно обвинителство, кое по службена должност мора да постапи и кривично да го гони началникот за прекршување на законите. Ако ОЈО тоа не го направи, ќе значи директна заштита на Мартиновски, а со тоа и на Панче Тошковски. СДСМ бара ОЈО да покаже дека законот важи за сите, особено за началниците на Тошковски, и да стави крај на злоупотребите на партиската полиција во служба на ДПМНЕ. Полицијата мора да биде заштитник на граѓаните, а не средство за политички прогон и заплашување, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски