СДСМ: Освен од криминалци и насилници, Сиљановска е поддржана и од воени злосторници

Од:

„Покрај осудени насилници и криминалци во бегство, Гордана Сиљановска е поддржана од осудени воени злосторници како Јохан Тарчуловски.

Сиљановска не само што не го осудува насилство, туку е гордо поддржана од насилници, криминалци и воени злосторници.

Исто како и Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска е на браникот на насилството, криминалот и злосторствата.

Секој даден глас за Гордана Сиљановска на 5-ти мај е глас е поддршка на злосторот и насилството.

Гласот за Сиљановска е глас за враќање во темното минато на поделби, конфликти, неправда. Граѓаните нема да го дозволат тоа, нема да дозволат да се врати режимот на Груевски, да се вратат неправдите и поделбите.

На 5–ти Мај ќе го дадат својот глас за вистинскиот претседател, кој обединува, а не дели.

Ќе го дадат својот глас за Стево Пендаровски, затоа што тоа е глас за безбедност и сигурност и глас за градење на напредна држава, европска Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?