СДСМ: Осум земји членки го ратификуваа протоколот за членство во НАТО, одиме напред

Од:

Нашата земја го доби своето заслужено место, седна на масата во НАТО алијансата.

Со Романија и Литванија, веќе вкупно 8 земји членки на НАТО го ратификуваа протоколот за полноправно членство.

„После деценија уназадување, Република Северна Македонија тргна напред.

Влезот во НАТО не значи само безбедност и стабилност, нешто што е исклучително важно за нас, туку значи напредок, силна економија, подобар живот за сите и отворени перспективи за младите.

Рекордниот раст на инвестициите од над 624 милиони евра е индикатор дека безбедноста, стабилноста и интеграциите ја зголемуваат доверба кај компаниите. Инвестициите носат повеќе пари, нови и подобро платени работни места, подобар животен стандард.

Како напредуваме во интеграциите, во членството во НАТО и ЕУ, така се повеќе бенифиции ќе добиваат граѓаните, државата.

Не смееме да застанеме, Република Северна Македонија мора да продолжи напред, силна и обединета околу вистинскиот пат, патот на интеграциите. Граѓаните добро знаат што значи уназадување, изолација и враќање назад, го чувствуваа тоа 10 години под режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

На престојните претседателски избори граѓаните ќе изберат претседател кој обединува, кој ќе води напред кон ЕУ и НАТО, ќе го изберат Стево Пендаровски, вистински претседател за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни