СДСМ: Осум месеци ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем

Од:

„Очајниот губитник Христијан Мицкоски не престанува да ја злоупотребува несреќата на граѓаните заради дневно партиски цели.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, 11 години го уништуваа здравствениот систем, го газеа достоинството на лекарите, а сега очајно се обдуваат политички да профитираат на несреќата на граѓаните“, велат од СДСМ.

„Денес, оваа партија предводена од некрофилот Мицкоски секојдневно ги деградира лекарите, здравствените работници, кои посветено, стручно и без да се штедат со месеци се борат со коронавирусот.

Наместо конструктивни решенија, ВМРО-ДПМНЕ прави мрачни перформанси на кои се подбива со нескреќата на граѓаните и ги навредува здравствените работници.

Осум месеци, граѓаните, здравствените работници, институциите, целиот свет, постојано се борат против коронавирусот. Осум месеци, ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем. Со таков однос кон граѓаните и јавното здравје, нека не се чудат зошто се во опозиција, уште долго ќе останат таму“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во над 40 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема ниту еден капитален проект

Ана Ололовска

СДСМ: Скопје е во хаос, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска не работат ништо

Ана Ололовска

СДСМ: После сите скандали Милошоски да си даде оставка

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски делува како анти-НАТО и анти-ЕУ политичар

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ косење трева 1,5 милиони евра поскапо од лани

СДСМ: Срамна е хајката која ВМРО-ДПМНЕ преку Ковачки ја води против Петровска