СДСМ го осудува нападот врз Селмани, но не посочува кого осудува

Од:

„Социјадемократкиот сојуз на Македонија осудува секаков вид на говор на омраза, навреда или понижувања врз кој било граѓанин на Република Македонија.

СДСМ ги осудува нападите врз новинарската фела и нападите кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Новинарите имаат значајна улога во градењето и унапредувањето на демократските процеси и оттаму, нападот врз новинарите е напад врз слободата на говор и демократските вредности.

Јавните личности мора да бидат внимателни во своето однесување и јавни настапи, и да имаат предвид дека од тоа како се однесуваат јавните личности зависи и мислењето за граѓаните за нив, по тоа ги проценуваат и вреднуваат“, се вели во соопштението на СДСМ во кое не се спомнува името на Бекир Асани.

Во меѓувреме на социјалните мрежи и по медиумите, новинарите ја изразуваат солидарноста со Насер Селмани, кој беше наречен „копиле“ од високиот функционер на ДУИ на кого му порачуваат дека не му се плашат.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците