СДСМ: Оставка Никола!

Од:

„Тодоров ги одмолча фрапантните податоци дека смртноста на новороденчињата во Македонија е 14 на 1.000 живородени бебиња, дека во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!
 
Тодоров не реагира на информациите дека на жената оперирана од рак на дебелото црево не и се дозволува потребното снимање што може да и го спаси животот.
 
Тодоров не реагира на информациите дека недостига лекарски и медицински персонал на Патологија.
 
Тодоров молчи за сведоштвата на специјализанти дека не примаат надомест за нивната работа.
 
Катастрофалните политики на Груевски и Тодоров доведоа до колапс на здравствениот систем.
Умираат пациенти, се пука во лекари. Болниците се руина, апаратите се или расипани или во кутии.
 
Никола Тодоров го интересираат само тендери, а Никола Груевски го поддржува.
 
Оставка Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски