СДСМ: Останува нејасно што навистина е „Курир“

Од:

„Останува нејасно што навистина е „Курир“, интернет портал, информативна агенција, агенција-партија?

На ова прашање со денови нема одговор откако самиот „Курир“ најпрво се дефинираше како интернет портал а потоа како информативна агенција, пришто секојдневно пишува реакции на соопштенијата на СДСМ во името на ВРМО-ДПМНЕ.

Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристристрасното, објективно и навремено информирање на граѓаните.

„Курир“ воопшто не пренесува ставови на граѓани, здруженија, политички партии, експерти и стручни лица, коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики.

Ниту демантите од официјалните државни институции на манипулациите објавени на „Курир“ не се пренесуваат.

На „Курир“ е забранет дури и закуп на платена реклама за оние коишто имаат различно мислење од Никола Груевски.

Едноставно „Курир“ има задача да креира виртуелни вести и се што е поврзано со вистината да го блокира.

Од јавноста се уште се крие кој навистина работи во овој портал. „Курир“ се уште го нема објавено својот импресум.

Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан.

Затоа и Европската Комисија бара регулацијата на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

СДСМ се бори и цврсто се залага за враќање на слободата во општеството и обезбедување на слободата во медиумите. Граѓаните знаат, доаѓа слободна и Европска Македонија. По 24-ти априли и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата