СДСМ: Основното јавно обвинителство потврди дека работи по нарачка

Од:

„Основното јавно обвинителство Скопје денеска потврди дека работи по нарачка.
 
Обвинителството сега признава дека во претходна постапка утврдило дека не постои сомневање за кривично дело, за истиот измислен случај наменет за дискредитација на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
 
Официјален документ од Основното јавно обвинителство Скопје, потврдува дека овој креиран случај на ВМРО-ДПМНЕ издиша како дупнат балон уште во 2014 година!

„Не постои основано сомнение дека било извршено кривично дело“, јасно наведува Основното јавно обинителство на крајот на 2014 година, после целосни увиди на Упрвата за финансиска полиција.
 
Зошто Основното јавно обвинителство цела година овој официјален документ го чувало во фиока?
 
Зошто цела година не е испратено соопштение до јавноста за Обвинителството да ја запознае дека не постои основано сомнение дека било извршено кривично дело?
 
Очигледно свесно и намерно.
 
Основното јавно обвинителство Скопје се стави во улогата на медиумските курири да испорачува политички нарачки од ВМРО-ДПМНЕ.
 
Да потсетиме: конструкциите и манипулациите чија цел беше да се врши притисок врз заменик претседателката Радмила Шекеринска и нејзиното семејство започнаа откако Шекеринска го обелодени скандалот со скриениот имот на Сашо Мијалков од 1,6 милиони евра. Се направија истраги, се манипулираше јавноста, се вршеше притисок… за да на крајот, ОЈО утврди дека нема никакво кривично дело.
 
Сега одеднаш истото се повторува, нецели 5 дена по интервјуто на Радмила Шекеринска за Канал 5. Дали интервјуто толку ја повреди власта во заминување што е приморана повторно да манипулира со јавноста?
 
Или се прави се, преку лажни конструкции, да се оттргне вниманието на јавноста за скандалот дека целиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ бил вклучен во злосторничко здружување.
 
Никола Груевски не може да избега. Јавноста очекува одговори каква е неговата улога во злостроничкото здружување“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

СДСМ: Божиновска да поднесе оставка, премногу скандали и лаги и сервираше на јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

СДСМ: Уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција