Освен секојдневно фотографирање и лажен ПР, Орце Ѓорѓиевски нема ништо реализирано во Кисела Вода. Од неговата програма има реализирано само 20%, со што е убедливо најлошиот градоначалник во Скопје. Доколку Ѓорѓиевски биде избран за градоначалник на Скопје, истата судбина го очекува и градот: лажен ПР, сликање и измислени проекти — исто како неговиот ментор Мицкоски, велат од СДСМ.
– Кисела Вода е преполна со смет, урбанистички хаос и негрижа. Ѓорѓиевски, наместо да ги решава проблемите, целиот мандат го помина во расправии со Арсовска, која најсилно ја промовираше во изборната кампања пред четири години.
Го прашуваме Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за Скопје: до каде се ветувањата што самиот им ги даде на граѓаните? Еве дел од прашањата на кои граѓаните со право чекаат одговори:
До каде е релокацијата на Центарот за зависници?
Каде е паркот што требаше да никне на тоа место?
Каде се ветените мегапаркови?
Каде се катните гаражи?
Каде се реновираните улици во Црниче, Бабин Дол, Припор, Кисела Вода и другите населби?
Зошто се дозволува бетонизација и соработка со „Усје“ за да се трујат жителите на Кисела Вода и цело Скопје?
Каде се ветените градинки освен една реновирана со донација од „Усје“?
Каде е противпожарната бригада на Кисела Вода?
Каде е паркот на Есенинова?
Каде е ветената пешачка патека?
Граѓаните се уморни од празни зборови и сакаат одговори и резултати. Овие прашања се само дел од ветувањата што останаа на хартија, а реалноста ја гледаме секој ден: запоставени населби, загаден воздух и урбан хаос.
Јавноста треба да знае дека Ѓорѓиевски стоеше директно зад протестите во „Комунална хигиена“, со што го блокираше претпријатието, а скопјани се давеа во смет. Тој беше предводник на блокадите на ДПМНЕ во градот, со цел ВМРО-ДПМНЕ да се ослободи од изборот на Данела.
Орце Ѓорѓиевски стоеше директно зад сите конспирации за квалитетот на водата во Скопје, организираше паралелен и лажен синдикат во ЈСП и беше координатор на протестите на ЈСП. Ѓорѓиевски е директно одговорен за кочењето на градот, само затоа што на ДПМНЕ не му успеаја бизнис диловите со Арсовска.
Како претседател на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски не мрдна со прст за дивоградбите во Чаир. Напротив, беше одговорен за кочење на новиот правилник за дивоградби, со цел да го заштити коалицискиот партнер Висар Ганиу.
Орце Ѓорѓиевски е партиски пиун и класичен извршител за партијата. Освен што ќе ги реализира бизнисите на Мицкоски, ништо друго нема да добијат граѓаните од него.
На Скопје му треба градоначалник кој ќе работи за сите граѓани, не само за партиските интереси на Мицкоски. Некој кој ќе биде чесен и кој нема да го третира градот како приватна сопственост. На Скопје му треба човек кој стои зад своите ветувања, не кој се слика и води лажен ПР на сметка на неспособноста, се вели во соопштението од партија.