СДСМ: Опозицијата ќе го предлага Јавниот обвинител само откако ќе се расчистат криминалите на претходната власт

Од:

„На правосудниот систем на Република Македонија потребни му се експертски и професионални личности кои ќе работат стручно, професионално и независно, ослободени од какви било партиски пртисоци.

За да биде кредибилна и во можност да предлага експертски решенија, опозицијата прво треба да расчисти во сопствените редови и да се ослободи од криминалните стеги.

Опозицијата ќе го предлага новиот Јавен обвинител откако ќе се расчистат сите криминали на претходната власт. Македонија ќе биде да биде правна држава, а тоа ќе се случи кога одговорност ќе понесат сите оние кои 11 години криминално се богатеа, додека стотици илјади граѓани преживуваа и ја напуштаа Македонија.

Именувањето на Јавен обвинител на предлог на опозицијата е дел од Програмата на Владата предводена од СДСМ и тој предлог како еден од клучните во рефомите во судството, ќе биде ставен на маса за да се добие што посилна политичка поддршка. За сите реформи кои се во интерес на граѓаните и државата и кои имаат потреба од двотретинско мнозинство, СДСМ ќе побара консензус од сите политички чинители“, се вели во реакција на СДСМ на прес конференцијата на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски