СДСМ: Опозицијата го блокира Законот за здравствена заштита и лаже дека брзата помош се приватизира

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно пред граѓаните ја покажуваат својата деструктивност и неодговорност со блокирање на измените на Законот за здравствена заштита и шират лаги дека брзата помош во јавните здравствени установисе приватизира. Измените на Законот за здравствена заштита во делот со Итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на Брзата Помош како и законско регулирање на услугата која со години наназад ја дават приватните здравствени установи“, соопштува СДСМ.

„Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни финансиски трошоци, туку напротив амбулантните возила на итната медицинска помош на Приватните здравствени установи ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните, односно Итната помош на приватните болници, граѓаните ќе може да ја користат бесплатно.

Со овој закон се овозможува и граѓаните во руралните средини да имаат достапна и постојана здравствена заштита.

Опозицијата кога беше на власт Итната Помош ја остави со само 5 возила, а лекарите ги доведе на раб на егзистенција и предизвика голем одлив на кадри надвор од земјата.

Владата предводена од СДСМ во изминатиот период вложува во опрема, реконструкција на здравствени установи после 70 години, вложува и во медицинскиот кадар. Платите на лекарите се за 40%, а со дежурствата истите се дуплираат.

Не е ништо ново ВМРО-ДПМНЕ со помош на Левица да блокира закони кои се во интерес на граѓаните, како и овој Закон за здравствена заштита“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс

(ВИДЕО) Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај

(ВИДЕО) Кузмановски: Време е за промени, доста беше уништувањето од ВМРО-ДПМНЕ четири години

СДСМ: Се бориме за нашиот дом, со нова енергија против неспособноста и расипништвото на власта

Ливриниќ: Не ви нудам празни зборови и нови лаги, затоа што тоа го слушаме повеќе од три децении

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас