СДСМ: Оперативниот план е само параван за нов бран на партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Оперативниот план за вработување што го презентираше Владата на ВМРО-ДПМНЕ е само параван, обланда за нов бран партиски вработувања и ништо повеќе. Наместо стратегија за отворање нови работни места и поддршка за младите, на долгорочно невработените, власта спроведува нова серија партиски вработувања по список. ВМРО-ДПМНЕ ја направи Македонија приватна фирма, за семејни вработувања на блиските на функционерите од власта, велат од СДСМ.

„Семејството Андоновски е само еден во морето примери за непотизам и за семејно-партиски стебла вдомени на грбот на народот. Таткако на Андоновски, Љупчо е советник, неговиот брат Игор е началник, додека Стефан е министер, сите во Владата на Мицкоски. Сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес во овој период.

Па се до последниот пример каде кумашините на Мицкоски се вдомени во Министерството за земјоделство и Агенцијата за поддршка на земјоделието. Државните институции на ангро се полнат со роднини на функционерите на ВМРО ДПМНЕ. Единствен критериум за некој да добие вработување е фамилијарните и партиските врски, ништо друго. И затоа младите и способни луѓе ја напуштат земјата. Младите не веруваат на ПР обланди и затоа се иселуваат, а граѓаните препознаваат дека зад секој наводен конкурс се крие веќе определено име со партиска книшка од ВМРО-ДПМНЕ, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“